Овој курс е за политичарите и државните службеници на локално ниво во земјите на Источното партнерство и процесот на пристапување, поконкретно во Македонија и во Украина. Овој курс на интернет ќе помогне во насока на подобрување и проширување на нивното знаење за локалното управување, правните контексти на Европската Унија и Источното партнерство, правата на малцинствата, партиципаторните процеси на управување, како и децентрализираната соработка. Според тоа, овој курс на интернет ќе придонесе да се изградат и подобрат капацитетите и вештините на политичарите и државните службеници на ниво на локалните власти во насока на поделотворно вклучување на малцинствата во процесот на одлучување за прашањата од јавен интерес и градење на отпорни заедници.